X
 06.09.2018 Наука

Патување до вселената со мини-лифт!

Неколку јапонски научници што работат на конструкција на вселенски лифт наскоро ќе го извршат првото тестирање во вселената со минијатурна верзија на дигалка, известуваат од Универзитетот „Шизоука“. Научниците се надеваат дека со помош на кабел долг десет метри, поставен во вселената помеѓу два помали сателити, ќе успеат да испратат минијатурен лифт со димензии 6х3х3 сантиметри.

Ракетата „Н-2В“ во вселената би требало да го однесе целиот материјал. Нејзиното лансирање е закажано за 11 септември од базата Танегаши во јужниот дел на архипелагот.

- Станува збор за прв ваков обид во светот со кој ќе настојуваме да тестираме движење на лифтот во вселената - изјави портпаролот на универзитетот, додавајќи дека сето тоа ќе се одвива под надзор на камерите поставени во сателитите.

lift
Фото: Profimedia


Концептот на вселенски лифт кој со помош на цврсти кабли ќе се искачи неколку илјади километри до вселенската станица сместена во геостационарната орбита датира од 19 век. Идејата ја добил советскиот астронаут Константин Циолковски во 1895 година, кога ја видел Ајфеловата кула во Париз.

Речиси сто години подоцна, Артур Кларк, британски автор и пронаоѓач, еден од најпознатите писатели на научна фантастика, ја обновил идејата во книгата „Рајските фонтани“, објавена во 1978 година.

Но, поради технолошките бариери, овој сон постои само во теорија. Сепак, јапонска компанија на целата приказна гледа целосно оптимистички. Станува збор за компанијата „Обајаши“, која соработува со тимот на научници од „Шизоука“. Нејзините работници работат на изградба на сопствен лифт кој до 2050 година во вселената би пренесувал туристи.

Од компанијата објаснуваат дека ќе монтираат цврста јаглеродна наноцевка, структура дваесет пати посилна од челикот. Кабината на лифтот би се движела благодарение на огромната шипка долга 96.000 километри, што е една четвртина од растојанието меѓу Земјата и Месечината.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука