X
 29.01.2021 Наука

Направете го овој тест за да откриете дали имате висока способност за препознавање лица

Како суперхероите во стриповите, и меѓу нас живеат суперпрепознавачи на лица, а едноставен тест на интернет од Универзитетот во Гринич може да открие дали сега сте еден од нив.

Иако сите знаеме дека не постои единствен тест што одредува дали сте суперпрепознавач, истражувачот д-р Џош П. Дејвис создаде еден што секој може да го направи, а е бесплатен и едноставен.

Оние што ќе се одлучат да го направат тестот ќе гледаат слика од човек неколку секунди, а потоа треба да го препознаат од понудените неколку слики на кои има и други лица. Аголот и времето кога се направени двете слики нема да бидат секогаш исти, па затоа тестот се потпира на уникатниот вид меморија развиена во фузиформната област на лицето, дел од визуелниот кортекс.

Ако постигнете 10 од 14 точни одговори или повисоко, можеби сте суперпрепознавач, а достапни се и дополнителни тестови доколку сакате да ги направите.

Дејвис се надева дека ќе најде вакви луѓе со цел да ги проучи нивните способности подобро, бидејќи тие можат да дадат одлични импликации за наставните програми за спроведување на законот.

Енди Поуп, полицаец од Западен Мидлендс. е суперпрепознавач, а неговите таленти довеле до 2.100 апсења на сторители на разни злосторства, вклучително и 16 во еден ден, и оние што носеле маски на лицето.

Тој вели дека неговата вештина не може да се објасни, но смета дека станува збор за инстинкт за кој обично е во право.

Ако сте заинтересирани да го направите 5-минутниот тест на Дејвис, можете да го најдете ТУКА.

Извор: Good News Network
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука