X
 06.10.2020 Економија

Конкурентни брендови, а ист сопственик

Дали знаевте дека одредени производи што изгледаат како конкурентни на пазарот всушност се продаваат од иста компанија? Во продолжение ќе пронајдете дел од ваквите брендови што имаат ист сопственик.

Групацијата „Експедија“ поседува повеќе агрегатори и веб-страници за патување, меѓу кои „Чип тикитс“, „Орбитз“, „Травелосити“ и „Експедија“. Затоа, сите овие веб-страници даваат слични или идентични опции за резервации.

„Проктер и Гембл“ е американска компанија што поседува повеќе брендови за лична хигиена, меѓу кои и брендовите „Хед енд шолдерс“ и „Пантен“. Истата компанија ги поседува и брендовите на детергенти „Тајд“ и „Ариел“.


Фото: Pixabay  

Американската компанија „Марс“ стои зад повеќе слатки производи, како „милки веј“ и „баунти. Компанијата има и повеќе брендови на гуми за џвакање, меѓу кои „Орбит“, „Џуси фрут“, „Хуба буба“ и други. „Марс“ поседува и повеќе брендови на храна за животни, меѓу кои и „Педигре“ и „Вискас“.

Компанијата „Јам! Фудс“ од Кентаки стои зад повеќе синџири за брза храна, како КФЦ, „Пица хат“ и „Тако бел“.


Фото: Pixabay  

Кога станува збор за социјалните мрежи, компанијата „Фејсбук“ ги поседува и „Инстаграм“ и „Вацап“.

Малкумина знаат и дека „Најк“ и „Конверс“ имаат ист сопственик, а тоа е компанијата „Најк“. Компанијата го поседува и брендот „Ер Џордан“.


Фото: Pixabay

Од друга страна, компанијата „Адидас“ ја поседува „Рибок“.

Групацијата „Меч“ доминира на пазарот за онлајн-запознавање. Компанијата ги поседува веб-страниците „Меч“, „ОК купид“ и „Тиндер“.

Автор: Џеф Риндскоф
Извор: msn.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија