X
 21.12.2019 Технологија

Овие технолошки вештини би можеле да бидат најплатени во 2020 година

Пазарот на трудот е исклучително конкурентен во светот на технологијата, па и покрај недостигот на работни места, на најдобрите позиции владее „пренатрупаност“, поради што се пробиваат само најдобрите. Значи, ако сакате да ги исполните вашите амбиции, да напредувате и да заработите повеќе пари, треба да бидете во тек со сè што се случува.

Затоа е добро да се следат трендовите и да се приспособите на нив, во што доста помага „Удеми“ со својот годишен извештај за вештини што ќе бидат најбарани во годината што доаѓа. Голем број компании бараат некои од наведените вештини. Секако, треба да се има предвид дека Американците имаат предност, со оглед на тоа што тоа се претежно американски компании, но овој извештај ги наведува трендовите, а трендовите сепак се глобална работа.

Ви ги пренесуваме десетте вештини, поточно потребното знаење што во 2020 година ќе биде доста барано:

1
Фото: Depositphotos

1. „Gatsby.js“

Развој на веб-фремјворк алатка што се користи за изградба на статички веб-страници. Од позвучните имиња ја користат компании како „Најк“, „Хупер“ и други.

2. „AWS Big Data“

„Amazon Web Servises“ го користи за управување со големи податоци.

3. „React Hooks“

Развојната веб-алатка во рамките на „React“, „JavaScrpit“ библиотека за креирање кориснички интерфејс.

4. „Microsoft Azure Architecture“

Управување со скалабилни, сигурни и ефикасни апликации на јавни компјутерски платформи со „клауд“ развиени од „Мајкрософт“.

5. „Next.js“

Развојна веб-фрејмворк алатка која се користи за градење статички веб-страници.

6. „Аpache Airflow“


Опен-сорс алатка за комплексно процесирање податоци и компјутерски процеси.

7. „SwiftUI“


Алатка за изградба на кориснички интерфејси за апликации на „Епл“.

8. „Pegasystems“

Сертификат за дигитални процеси за автоматизиран софтвер.

9. „ЕЅР32“


Евтин „SoC“ (System-on-chip“) користен за проекти поврзани со интернет на нештата.

10. Квантно пресметување

Фокус на технологијата што се базира на принципи на квантната теорија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија