X
 06.10.2025 Технологија

Погледнете го овој воен брод без екипаж - дизајниран за американската морнарица

Американската компанија „Блек СИ технолоџис“ објави нов концепт на беспилотни борбени бродови – модуларни борбени бродови за напад (МАСЦ).

Овие беспилотни површински бродови се дизајнирани да ги задоволат барањата на американската морнарица за модуларни повеќенаменски борбени единици. Иако изгледа како катамаран долг 20 метри, бродот „Блек СИ технолоџис“ е наменет за широк спектар на операции.

Основната конфигурација поддржува сè, од противподморнички и противповршински операции, преку електронско војување и извидување, до надзор и логистичка поддршка.

Има палуба од 83 квадратни метри на која може да се сместат стандардни транспортни контејнери со тежина до 30 тони. Од компанијата тврдат дека бродот може лесно да се модифицира за специфични мисии со прицврстување на специфичен контејнер или модул на палубата.


Бродот има двоен труп, кој е дизајниран успешно да се справи со сите временски услови. Има максимална брзина од 25 јазли (јазол - единица за брзина еднаква на една морска милја -1,852 км на час) и брзина на долг дострел од 10 јазли, како и оперативен дострел од 3.000 наутички милји.

„Блек СИ“ е подготвена да го изгради и испорача првиот целосно интегриран прототип на бродот МАСЦ во рок од шест месеци.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: BlackSea Technologies screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија