Необична, но искрена молба за годишен одмор од еден млад вработен стана вирална откако неговиот директор ја сподели на социјалните мрежи. Вработениот како причина го навел неодамнешното раскинување, а одговорот на шефот воодушеви многумина.
Џасвир Синг, основач и извршен директор на компанијата „Нот дејтинг“, на „Твитер“ објави слика од пораката што ја добил од вработениот, нарекувајќи ја „најискрена“ досега.
- Генерацијата З не користи филтри - напиша тој под објавата, алудирајќи на директната и отворена комуникација на помладите генерации.
- Неодамна се соочив со раскинување на врската и не можев да се фокусирам на работата. Денес работам од дома, но би сакал да земам одмор од 28 до 8 за да закрепнам - стои во пораката на вработениот.
Наместо вообичаениот формален тон, пораката ја одразуваше искрената емоција, што беше поздравена на интернет. На прашањето дали го одобрил барањето, Синг кратко одговорил: - Одмор одобрен, веднаш.
Објавата брзо собра многу коментари, а корисниците ги пофалија и искреноста на вработениот и разбирањето на неговиот надреден. Многумина во овој пример препознаа нормализирање на разговорите за емоционалната состојба на работното место.
Извор:
Citymagazine.danas.rs
Фото: Freepik