X
 06.12.2018 Забава

Црната мачка носи среќа или несреќа? Ова се најлудите суеверија во светот

Најдоброто искуство од патувањата ќе го добиете кога запознавајќи се со културата на некоја земја, ќе се запознаете и со локалните обичаи, ритуали, но и суеверија. Еве што треба да знаете пред да отпатувате во Португалија, Индија и во уште неколку други земји.

Индија

Во Индија никако не смеете да повикате некој што веќе излегол од домот доколку сте заборавиле да му кажете нешто. Се верува дека така ќе му донесете лоша среќа, па сè што сакате мора да му го кажете пред да излезе од куќата.

Кина

Според Кинезите, бројот што треба да се избегнува е четворката. Во многу згради дури и лифтовите не носат до четврти кат, туку или на трети или на петти.

Русија

Русите имаат обичај пред да тргнат на пат да седат на куферот бидејќи веруваат дека тоа ќе им донесе среќа во следните денови.

Норвешка

Клетвите обично се лоши, но тоа не е така во Норвешка. Просечен Норвежанец кој вели „тви, тви“ ви фрла „клетва“ со која ви посакува сè најдобро и ништо да не ви се случи на пат.

Велика Британија

Кај нас се верува дека ако мачка ти го пресече патот, тоа носи несреќа, но во Велика Британија се смета дека носи среќа.

Италија

Многу Италијанци веруваат дека бројот 17 е анаграм за VIXI што значи „живеев“, симболичен начин да се предвиди смртта. Затоа Италијанците избегнуваат да патуваат на 17-тиот ден од месецот и генерално се плашат од овој датум, како Американците од петок 13-ти.

Јапонија

Јапонците сметаат дека перницата свртена кон север го скратува животот, па немојте да се чудите ако перницата ви е чудно поставена кога ќе пристигнете таму.

Романија

Романците сметаат дека излегувањето преку некоја друга врата, а не преку онаа што сте влегле, носи лоша среќа.

Португалија

Луѓето во Португалија не сакаат да се движат наназад. Ретко може да се види некој од оваа земја да го имитира Мајкл Џексон бидејќи одењето наназад се смета за „повикување на ѓаволот на вашиот пат“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава