X
 06.12.2021 Живот

Вечерен концерт за 55 години Факултет за музичка уметност

Вечерва 20 часот со свечен концерт во фоајето на Националната опера и балет, Факултетот за музичка уметност (ФМУ) – Скопје ќе одбележи 55 години од неговото основање, а влезот за посетителите е слободен.

На концертот ќе настапат студенти од класите на професорите Марија Муратовска-Наумовска, Драган Даутовски, Зорица Каракутовска, Нинослав Димов, Марија Ѓошевска, Горан Начевски, Весна Ѓиновска-Илкова, Фросина Балова, Соња Здравкова-Џепароска, Искра Шукарова, Дарко Багески, Кристина Светиева, Сара Пројковска, Андријана Јаневска и Бобан Ковачевски.

ФМУ информира дека поради ограничениот број на седишта, потребна е резервација на телефонскиот број 3134-345 или на е-пошта fmu@fmu.ukim.edu.mk, заклучно до 16 часот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот