X
 26.11.2021 Култура

Филхармонија вечерва слави 77 години постоење

Со настапот на солистката од Русија, виртуозот на виолина Марија Солозобова, Македонската филхармонија вечерва во 20 часот ќе прослави 77 години од формирањето. Диригент на концертот ќе биде Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се концертот за виолина и оркестар број 1 од П.И. Чajковски и Брамсовата Прва симфонија. Овој концерт на Филхармонијата е во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“.

- Филхармонија продолжува да твори и во ова денешно време-невреме затоа што таа знае дека музиката може да биде лек за сите болести на човештвото. Концертот на 26 ноември, со кој симболично ќе го прославиме постоењето на оваа институција, е само уште еден во низата исклучителни настани што се паметат и за кои се зборува - соопштуваат од Филхармонијата.

Оркестарот е формиран на 24 ноември во 1944 година, по завршувањето на Втората светска војна и само 11 дена по ослободувањето на Скопје. На ул. „Крушовска“ бр. 27, во домот на композиторот Тодор Скаловски, еден од стожерите на македонската музичка култура, се одржал првиот состанок на група музичари со цел да формираат симфониски оркестар, да го формираат првиот државен оркестар, да ги стават темелите на една голема културна институција, прва од таков вид во ослободена Македонија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура