X
 06.12.2022 Наука

Први фотографии од Титан, месечината на Сатурн која наликува на Земјата

Најголемата месечина на Сатурн, Титан, е цел на идна мисија на американската вселенска агенција НАСА - да најде знаци за живот на месечината во текот на следната деценија.

Во меѓувреме биле направени фотографии со телескопот „Џејмс Веб“ кои нудат поглед на далечната месечина. Поточно, со телескопот биле направени фотографии од два големи облаци од метан во атмосферата на Титан.

Научниците долго време се заинтересирани за Титан бидејќи на неговата површина има реки, езера и мориња, па можеби на неа има и некаков живот, иако тој би бил различен од оној на Земјата бидејќи морињата и реките на Титан се составени од течен метан.



Како што објаснува НАСА, атмосферата на Титан е полна со густа магла која го спречува рефлектирањето на видливата светлина од површината. Затоа, атмосферата на Титан била анализирана со инструменти за инфрацрвена светлина на телескопот „Џејмс Веб“, кои помогнале да се види што се крие зад маглата.

НАСА планира да ја лансира мисијата „Драгонфлај“ во 30-тите години на овој век. Во рамките на мисијата ќе биде испратен дрон кој ќе лета низ атмосферата на Титан.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: NASA
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука