X
 07.03.2025 Живот

Луксузен затвор во Норвешка каде што секој затвореник има своја куќа

На далечен остров обраснат со борови, крај брегот на Норвешка, постои затвор кој не личи на ниту еден друг.

Затворот „Бастој“, познат како „најлуксузниот затвор во светот“, се наоѓа на идилично парче земја наречено Ѓаволскиот Остров, далеку од мрачните ќелии и суровите услови што обично ги поврзуваме со затворите.

Наместо решетки, бодликава жица и тесни простории, затворениците тука живеат во пространи куќички со поглед кон морето. Тие имаат пристап до многу активности како јавање коњи, риболов и часови по тенис.

 
Затворот, кој бил отворен во 1982 година на островот Бастој, зафаќа само еден квадратен километар, опкружен со природна убавина, мирни води и густи шуми.

Во него живеат само 100 затвореници, а местото повеќе наликува на мало, самooдржливо село отколку на класичен затвор. Наместо да бидат затворени во ќелии, секој од нив добива своја куќа и мало земјиште за обработка.

Куќите се едноставни, но удобни, со кујни и заеднички простории каде што затворениците можат да водат навидум нормален живот.

За разлика од многу затвори каде што оброците се минимални и неквалитетни, во овој затвор работи професионален готвач кој приготвува јадења како рибини топчиња со бел сос и ракчиња, лосос и други вкусни јадења.

Покрај пристапот до свежа храна и можноста самите да работат одгледувајќи земјоделски производи, затворениците имаат можност да учествуваат во активности што им помагаат за полесно да се рехабилитраат и реинтегрираат во општеството.

Извор: Express.co.uk
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот