X
 07.05.2018 Живот

Калифорнија е првата држава што воведува обврска за поставување соларни панели


Американската сојузна држава станува првата земја каде што поставувањето соларни панели на новоизградените куќи ќе биде законска обврска.


Работници поставуваат соларни панели
(Фото: Pixabay)


Државната комисија за енергетика идната недела ќе гласа за новите енергетски стандарди според кои од 2020 година секоја новоизградена куќа ќе мора да има соларни панели.

Моментално, околу 20 проценти од семејните куќи се изградени со капацитет за соларни панели, но доколку се прифатат новите стандарди, овој број значително ќе се зголеми.

„Калифорнија се подготвува да направи квантен скок во енергетските стандарди. Ниту една друга држава не предвидува обврска за вградување соларни панели, но ние се подготвуваме за тој чекор“, рече техничкиот директор од Асоцијацијата за градење во Калифорнија, Боб Рејмер.

Новото правило ќе важи за сите куќи над три ката.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот