X
 13.08.2025 Живот

Европски остров каде што е задолжително носење огнено оружје, а просечната плата е 2.500 евра

Шпицберген е најголемиот и единствен постојано населен остров во архипелагот Свалбард во Северна Европа. Зафаќа површина од околу 37.673 квадратни километри во Арктичкиот Океан и е дом на околу 2.000 жители - претежно од Норвешка. Ова не е изненадувачки со оглед на тоа што целиот архипелаг е под норвешка администрација.

Просечната плата во Свалбард е околу 2.500 евра. Сепак, треба да се напомене дека трошоците за живот се доста високи. Земјата е трајно замрзната на север и таму ништо не расте, па затоа целата храна се увезува и се доставува со бродови и авиони.


Месечниот буџет за храна за двајца возрасни може да биде дури 1.200 евра. Животот таму е многу предизвикувачки. Сонцето не заоѓа сто дена во годината - од крајот на април до крајот на август. Сепак, од крајот на октомври до средината на февруари трае поларната ноќ, а за време на овој природен феномен е темница 24 часа.

Покрај тоа, ризикот од напади од поларни мечки е многу висок - на островите живеат околу триста поларни мечки, па затоа населението е должно да носи огнено оружје или поточно, секојпат кога ќе се оддалечи од населените места, за да се заштити.


Канцеларијата на гувернерот на Свалбард препорачува носење огнено оружје - особено пушки - поради нивната точност и сигурност во предизвикувачките услови на Северна Европа. Исто така, се препорачува да се набави ракетен пиштол што испукува ракети во воздух и се користи во итни ситуации за да се повика помош и да се означи вашата позиција.

Возрасните што планираат да се населат на Шпицберген мора да добијат дозвола за носење оружје, која чини околу 126 евра. Ако ги исполнувате сите услови, можете да ја добиете дозволата за само четири недели. Потоа можете да купите или да изнајмите огнено оружје и да се обврзете дека ќе ги почитувате сите правила.

Шетањето со пиштол низ најголемата населба Лонгирбјен е дозволено само ако куршумите не се во цевката. На пример, пред да влезете во продавница, мора да го оставите пиштолот во шкафче надвор од продавницата и да го земете кога ќе завршите со купувањето.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот