X
 23.11.2021 Здравје

Не е само Австрија, и во овие земји вакцинирањето против ковид-19 е задолжително

Австрија стана првата земја во Европа што го направи задолжително вакцинирањето против ковид-19. Но таа не е прва во светот што ја донесе оваа мерка, пренесува „Форбс“.

Индонезија

Индонезија донесе мерка за задолжителна вакцинација во февруари за да го забрза процесот на имунизација на жителите. Според мерката, граѓаните може да не добијат социјална помош, да им биде забрането користењето на некои јавни услуги или да бидат казнети парично доколку не се вакцинираат.

Микронезија

Оваа мала островска земја со нешто над 100.000 луѓе воведе задолжителна вакцинација за сите жители постари од 18 години на крајот од јули. Според мерката, сите жители што примаат средства од државата, што претставува голем дел од населението, треба да бидат вакцинирани.


Фото: Pixabay

Туркменистан

Оваа земја е една од малку што тврдат дека немаат случаи на ковид-19 во државата. Сепак, вакцинирањето против ковид-19 е задолжително за сите возрасни од јули.

Костарика

Костарика е првата земја во светот што ќе ги вакцинира сите деца против ковид-19. Се очекува да пристигнат дози за деца под 12 години во март наредната година.

Извор: Forbes
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје