Сместено покрај брегот во регионот Химара во Албанија, одморалиштето „Зигзаг“, како што сугерира и неговото име, се карактеризира со линеарен цикцак-распоред што го следи релјефот.
Овој дизајн на студиото „ЈА Журбер архитектура“ од Ротердам во соработка со „УНС архитектс“ од Тирана овозможува секоја единица да биде поврзана со околината без да ги наруши другите, зачувувајќи го и визуелниот и еколошкиот континуитет.

Архитектура во дијалог со пејзажот
Преку дизајнот, архитектите вклучиле пасивни еколошки стратегии, како што се ориентација кон сонцето и природна вентилација, сето тоа со цел намалување на потрошувачката на енергија. Објектот, исто така, собира дождовница и ја управува преку интегрирани системи, со што ја поддржува еколошката рамнотежа на локацијата.
Во конструкцијата се користи локален камен од Берат, кој е избран поради неговата издржливост и важноста за регионалната градежна традиција. Може да се каже дека цикцак-архитектурата на одморалиштето е во дијалог со околниот пејзаж. Движењето низ одморалиштето е организирано на таков начин што овозможува непреченост. Вертикалните врски помеѓу терасите, градините и базените се решени преку интегрирани патеки и жичница.

Овие врски овозможуваат пристап до различни нивоа, а минимално влијаат врз теренот. Пристапните точки и патеките за движење се внимателно испланирани за да се одделат патеките за гости од сервисните зони.
Бесконечните базени се спојуваат со брегот во основата, така што цикцак-низата останува непрекината.
Хармонија помеѓу објектот и пејзажот
Архитектонскиот пристап е фокусиран на хармонијата помеѓу зградата и пејзажот.

- Архитектурата не треба да доминира на земјата, туку да одговара на неа - заклучил Марк Жубер, основач на „ЈА Жубер архитектура“.
Извор: gradnja.rs
Фото: Vero Universe