X
 28.11.2020 Технологија

Холандија ги претвора старите пепелници во станици за полнење електрични велосипеди

Во универзумот има многу попривлечни работи од пепелникот. Но на железничките станици низ Холандија овој предмет станува архитектонска икона.

Минатиот октомври пушењето на железничките станици стана нелегално, па железничките станици морале да ги отстранат пепелниците. Наместо да ги фрлат, тие ги зачувале, а сега имаат нова намена - со нив се полнат електричните велосипеди.


Фото: Lightwell

Станува збор за пилот-проект на компанијата „Лајтвел“, која ги пренаменува пепелниците што не се користат во железничките станици во станици за полнење на електрични велосипеди. Флоријан Меш, индустриски дизајнер во компанијата, вели дека тие успеале да ги пренаменат пепелниците без да им го сменат дизајнот.

Сепак, иако изгледаат речиси идентично, пепелниците сега се полначи на кои може да се полнат два електрични велосипеди истовремено. Користењето на полначите е бесплатно.


Фото: Lightwell

Полначите можеби нема да се користат за целосно полнење на велосипедите бидејќи за тоа се потребни часови, но веројатно ќе служат за брзо полнење во текот на патувањето, особено бидејќи електричните велосипеди стануваат сè попопуларни во Холандија.

Во рамките на пилот-проектот засега се инсталирани две вакви станици за полнење.

Автор: Марк Вилсон
Извор: fastcompany.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија