X
 07.09.2021 Живот

Денеска и утре Скопје ќе функционира со изменет сообраќаен режим

Поради подготовките и прославата на Денот на независноста, денеска и утре во Скопје во одредени периоди ќе бидат затворени неколку сообраќајници, соопштија од Владата.

Во централното градско подрачје на град Скопје денес од 11 часот затворени за сообраќај ќе бидат:

- ул. „11 Октомври“ и ул. „Димитрие Чупоски“ во правец на движење од ул. „Васил Главинов“ до ул. „Филип Втори Македонски“, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15:00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.
-Денес од 23:00 часот до утре до 11:00 часот дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул. „Даме Груев“ на потегот од крстосницата со ул. „Македонија“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ и ул. „Филип Втори“ на потег од Кеј „13 Ноември“ до ул. „11 Октомври“ и ул. „11 Октомври“ на потегот од бул. „Кочо Рацин“ до ул. „Даме Груев“.

Утре ќе се одржи централната прослава „30 години независност“ и почнувајќи од 11:00 часот до завршување на настанот, затворени за сообраќај ќе бидат:

- бул. „Кочо Рацин“ на потегот од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ до ул. „Кирил и Методиј“,
- ул. „11 Октомври“ на потегот од ул. „Крушевска Република“ до ул. „Димитрие Чуповски“,
- ул. „Филип Втори“ на потегот од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11 Октомври“,
- кеј „13 Ноември“ на потегот од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“,
- ул. „Мирче Ацев“ на потегот од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“,
- ул. „Димитрија Чуповски“ на потегот од порта Македонија до бул. „Климент Охридски“,
- ул. „Даме Груев“ од крстосницата со ул. „Македонија“ до ул. „11 Октомври“.

-Согласно наведеното, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи - Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот - стои во соопштението.

Насловна фотографија: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот