X
 07.10.2021 Наука

Зошто некои луѓе се отпорни на ковид-19?

Студија на парови во кои двајцата партнери биле изложени на коронавирусот, но само едно лице од нив се заразило, помага во расветлувањето на прашањето зошто некои луѓе се природно отпорни на вирусот.

Научниците веруваа дека ваквите случаи се ретки, но повикот за волонтери што одговараат на тој профил резултира со одговор од околу илјада парови.

На крајот, биле земени примероци на крв од 86 пара за детална анализа.

Гените придонесуваат за активирање на т.н. природни клетки убијци

Резултатите посочуваат дека отпорните партнери имаат поголема веројатност да имаат гени кои придонесуваат за поефикасно активирање на таканаречените клетки на природни убијци, кои се дел од првичниот одговор на имунолошкиот систем на бактерии.

Кога овие клетки се правилно активирани, можат да ги препознаат и уништат заразените клетки, спречувајќи го развојот на болеста, објаснуваат научниците во трудот објавен во списанието „Фротниерс ин имунолоџи“.

Оваа студија не може да докаже дека тоа се случува


- Нашата хипотеза е дека геномските варијанти што најчесто се наоѓаат кај брачниот другар, подложен на инфекција, доведуваат до производство на молекули кои го инхибираат активирањето на клетките на природни убијци - рече водачот на студијата, Мајана Зац од Универзитетот во Сао Пауло во Бразил.

Но, оваа студија не може да докаже дека тоа се случува, додаде таа.

Дури и ако тој заклучок се потврди со повеќе истражувања, придонесот, односно влијанието на другите имунолошки механизми треба да се испита, велат научниците.

Извор: Еurekalert.org
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука