X
 24.01.2021 Здравје

Здрави намирници што го забрзуваат метаболизмот

Губењето телесна тежина не е поврзано само со она што не го внесувате, туку и со храната што ја консумирате, а ви помага да ги согорите вишокот калории. Доколку сакате да ослабнете, можеби треба да најдете начин за забрзување на вашиот метаболизам преку исхраната. Во продолжение се неколку намирници што помагаат во забрзувањето на метаболизмот.

Лути пиперки

Во лутите пиперки има компонента наречена капсаицин што им го дава лутиот вкус и го забрзува метаболизмот, открива лекарот и професор по медицина Џаопинг Ли. Освен тоа, лутите пиперки може да го намалат апетитот и на тој начин да го забрзаат слабеењето. Истражување од 2004 година покажало дека капсаицинот прави да се чувствуваме сити.


Фото: Pixabay

Кафе

Консумирањето кафе или кофеин во друга форма може да помогне во губењето килограми и одржувањето на телесната тежина со забрзување на метаболизмот и намалување на апетитот. Ли вели дека кофеинот го зголемува лачењето на допамин и норадреналин, кои го забрзуваат метаболизмот. Ново истражување покажало дека пиењето 4 шолји кафе дневно може да го забрза топењето на маснотиите.

Доколку не сте љубител на кафе, обидете се со чај, иако во чајот има значително помалку кофеин отколку во кафето.

Ѓумбир

Во ѓумбирот има компонента наречена шогаол која помага во намалувањето на воспаленијата во телото и губењето на телесната тежина. Ли открива дека консумирањето ѓумбир го забрзува метаболизмот преку подобрување на повеќе функции во телото и го стимулира варењето, а и го намалува апетитот. Истражување од 2012 година покажало дека пиењето топла вода со два грама ѓумбир во прав може да го намали апетитот.


Фото: Pixabay

Протеински намирници

Диеталните протеински намирници и оброци може да направат да се чувствуваме сити и го забрзуваат метаболизмот. Според едно истражување од 2014 година, овие намирници го забрзуваат метаболизмот за 15%-30%.

Мешунки

Мешунките се растенија во кое се вклучени наутот, сојата и леќата. Овие растенија се сметаат за одлични во забрзувањето на метаболизмот бидејќи имаат многу протеини, а се богати и со влакна, со што го намалуваат апетитот. Во истражување од 2009 г. мажи со прекумерна тежина што јаделе намирници со протеини и мешунки побрзо губеле телесна тежина.

Автор: Ешли Ладерер
Извор: insider.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје