Функцијата е сè уште во фаза на тестирање, а би требало да стане јавна со доаѓањето на иОС 27.3
„Епл мјузик“ наскоро ќе добие нова функција која ќе им овозможи на корисниците снимање на сопствените караоке-настапи без дополнителни апликации.
„Епл“ уште во 2022 година ја претстави караоке-функцијата „Синг“, која им овозможува на корисниците да ја преземат улогата на главниот вокал и да ги пеат омилените песни. Новата опција под називот „Селфи синг“ е своевидна надградба на таа можност, а ќе биде достапна со иОС 27.3, чија бета-верзија е веќе објавена.
„Селфи синг“ овозможува снимање видео додека корисникот пее со музиката, додека на екранот во реално време се движи текстот на песната. Функцијата нема да работи со целиот каталог на „Епл мјузик“, туку ќе има сопствена посебно избрана листа со песни. „Епл“ во описот на опцијата наведува дека постојат песни кои „речиси сите ги знаат напамет“ и со кои луѓето спонтано почнуваат да пеат. Токму за таквите хитови е наменета новата плејлиста.
Засега се вклучени песните:
„Since U Been Gone“ - Кели Кларксон
„What Makes You Beautiful“ - Ван Дирекшен
„Like a Virgin“ - Мадона
„...Baby One More Time“ - Бритни Спирс
„9 to 5“ - Доли Партон
Гласовни ефекти и споделување на снимките
Користењето на функцијата е прилично едноставно. Потребно е да се избере песна, да се вклучи камерата и да се започне снимањето. Корисниците притоа можат да го приспособат својот глас со различни звучни ефекти или да ја променат неговата јачина.
Достапните ефекти вклучуваат „Мегафон“, „Ехо“, „Концертна сала“ и „Студио“. По снимањето, видеото може да се зачува или да се сподели со пријателите. „Селфи синг“ е дел од претстојниот иОС 27.3 кој ќе донесе и дополнителни ВИ можности за „Сири“, како и редизајнирана апликација „Хелт“.
Се очекува новата верзија на оперативниот систем да стане достапна во текот на декември.
Фото: magnific