X
 07.12.2018 Технологија

„Фолксваген“ во 2026 година ќе ја лансира последната генерација автомобили на гориво

Еден од најголемите производители на автомобили - „Фолксваген“ планира целосно да се префокусира на електрични возила. Според шефот за стратегија на компанијата, Михаел Јост, компанијата во 2026 година ќе ја лансира последната генерација автомобили на гориво. Потоа тие ќе се концентрираат на електричните возила.

Во ноември минатата година од „Фолксваген“ ги најавија плановите за трошење 40 милијарди долари на електрични возила и хибриди во надеж дека ќе станат светски лидер во електрична мобилност до 2025 година. Моментално компанијата продава само едно целосно електрично возило, но веќе има неколку други на кои се работи.

Можеби ниеден друг производител на автомобили нема толку голема потреба за ребрендирање како „пријателски кон животната средина“ како „Фолксваген“. Во 2015 година компанијата беше фатена како мами на тестовите за емисија на штетни гасови, што резултира со парични казни од милијарди долари и негативни известувања во медиумите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија