X
 07.12.2020 Живот

Првата новогодишна честитка во светот се продава за 25.000 долари

На продажба е првата комерцијално отпечатена новогодишна честитка во светот. Таа била отпечатена во Велика Британија во 19 век, а на неа се прикажува весела сцена која во тоа време предизвикала многубројни реакции поради чашите вино на сликата.

Припадниците на движењето за умереност, кои повикувале на воздржување од алкохол, биле бесни кога била испечатена честитката бидејќи, според нив, таа охрабрувала пиење алкохол. Згора на тоа, на честитката се прикажува дете што пие вино, а тоа ја направило картичката уште поконтроверзна. Поминале дури три години пред издавачот да испечати ново издание од честитката.


Фото: Battledore

Првично биле испечатени илјада копии, а се проценува дека досега се зачувани помалку од 30 примероци, од кои некои се изложени во музеи или се на продажба. Сега еден примерок од оваа честитка од 1843 година ќе биде понуден на аукција за цена од 25.000 долари.

Автор: Маријана Матковиќ
Извор: 24sata.hr
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот