X
 08.03.2022 Живот

5Г-мрежата на Телеком достапна и во Скопје

Македонски телеком продолжува да ја шири 5Г-мрежата низ државата. По успешниот старт на првата комерцијална 5Г-мрежа во 15 града и нивните околини, 5Г-мрежата ќе биде достапна и во Скопје.

5Г е веќе активна во „Ист гејт мол“ во Скопје, како и во населбите Ченто, Маџари, Автокоманда, Железара, Ќерамидница и Хиподром, a до крајот на март 2022 ќе биде достапна и во следните региони: Радишани, Бутел, Шуто Оризари, Чаир, Топанско Поле, Бардовци, индустриската зона Визбегово-Качанички Пат, Ѓорче Петров, Даме Груев, Хром, Долно Нерези, Влае, Злокуќани, Карпош 4, Карпош 3, Момин Поток, Тафталиџе 2 и Трнодол. До мај 2022 година Скопје целосно ќе биде покриено со 5Г-сигнал.

До крајот на годината, 26 града во Македонија ќе бидат покриени со опрема од најновата генерација.
Македонски телеком овозможи користење 5Г-услуги паралелно и во комбинација со 4Г, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции. Мрежата е подготвена да овозможи супербрз гигабитен мобилен интернет, веднаш по завршувањето на процесот за доделување радиофреквенции за радиоопсезите на 700 MHz и 3,6 GHz од страна на АЕК.
5Г ќе имаат корисниците што се наоѓаат во градовите што се покриени со 5Г, во согласност со тарифите што ги користат, и кои имаат соодветно сертифицирани 5Г-уреди.
Сите информации за покриеноста на територијата, тарифите, уредите, како и детали за можностите на оваа технологија може да најдете на следниот линк.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот