X
 08.05.2025 Живот

Погледнете како изгледа „југото“ од 21 век – модел кој ветува

„Југо“ официјално го објави своето враќање во февруари. Планира да произведе мал градски автомобил, сличен на моделите што компанијата ги нудеше во текот на 80-тите и 90-тите години. До неодамна единствениот доказ за неговото враќање беше темна снимка што ја покажуваше силуетата на возилото и неколку заматени рендери.

Но, сега јавноста првпат може да види официјален приказ на новото „југо“ - иако само во форма на макета.

На настанот за дизајн на автомобили 2025 во Минхен, „Југо“ го претстави својот прв концептен модел. Моделот сè уште нема име, но изгледа многу привлечно. Станува збор за хечбек со две врати кој наликува на оригиналните модели. Има компактна големина  и едноставни линии. Но, исто така содржи и модерни дизајнерски елементи што ги очекуваме од автомобилите од 2025 година.

Концептот е на српскиот дизајнер Дарко Марчета, под водство на новиот сопственик на брендот, професор д-р Александар Бјелиќ. Од „Југо“ изјавиле дека концептот не е само враќање во минатото, туку ги истакнува пристапноста и спортската природа на новиот модел.

Доколку новото „југо“ навистина влезе во производство, што е планирано во рок од две години – тоа ќе биде насочено кон пазарот на мали автомобили во Европа. Ќе се натпреварува со модели како што се „ситроен Ц3“, „рено клио“ и „фолксваген поло“.

Од компанијата наведуваат дека прототипот треба да биде претставен на Саемот во Белград во 2027 година, кога треба да започне и сериското производство.

Извор: preporucamo.com

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот