X
 30.11.2016 Технологија

Новиот модел на LG телефон со скенер за очи?

Започнаа гласините за тоа како ќе изгледа новиот модел на LG – G6.


Со што компанијата сака да конкурира на пазарот? Кореа Хералд објавува некои детали на кои сите засега гледаат со сомневање. Сепак, независно од гласините, опциите како скенер на очи се чини дека се многу веројатни за да се остварат. Аналитичарите и маркетиншките експерти наведуваат дека на LG им е многу потребен феноменален нов паметен телефон, со кој ќе се намали губитокот од 67 милиони долари, предизвикан делумно од лошата продажба на моделот G5. Следниот модел, G6, би требало да ја смени ситуацијата.

Кореа Хералд пренесува дека неодамна компанијата открила посебен All-in-One модул кој во себе содржи и камера и скенер на очо. Експертите веруваат дека LG ќе ја користи оваа технологија за да конкурира на сличната стратегија на Samsung за вметнување на нови можности за сигурно користење на мобилните уреди.

LG G6 би можел да има сопствен систем за плаќање, LG Pay, кој користи MST (Magnetic Secure Transmission), нешто слично на системот Samsung Pay. Следниот модел наводно би имал батерија која може да се отстрани, за да се подобри сигурноста на уредот, а и да се поедностави процесот на производство. Од LG, се разбира, одбиле да ги коментираат гласините. 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија