X
 08.06.2018 Наука

Филтри од графен ќе станат синоним за питка вода

Филтрирањето се врши со помош на тенки листови графен, супстанција заснована на јаглерод, создадена во 2004 година на Универзитетот во Манчестер. Рахул Равененран Наир, професор на Универзитетот, тврди дека графенот има потенцијал да изолира големи количества на чиста вода со десалинизација и отстранување на загадувачите.

Во меѓувреме, подобрената технологија за фаќање водена пареа од воздухот обезбедува надеж за сувите области.

Во април 2017 година професорот Наир покажал дека повеќеслојна мембрана на графен може да филтрира натриум хлорид во морска вода многу побрзо и почисто од постојните техники.

grafen
Фото: BBC


- Графенот-филтер е како мрежа или сито со дупки, толку мали што молекулите на солта не можат да поминат - вели тој.

Универзитетот е во разговори со потенцијални производители со цел да покаже како технологијата може да се користи во практични примени.

- Покажавме дека функционира во лабораторија, а сега сакаме да демонстрираме и во реални услови - вели Наир. Тој се надева дека за пет години ќе почнат да работат фабриките за десалинизација со графенски мембрани. Универзитетот соработува со компанијата „Ајкон Лајфсејвер“, чие седиште е во источниот дел на Англија.

Моментално, компанијата работи на филтри што можат да отстранат микроби, бактерии и вируси.

- Графенот има потенцијал да создаде краен филтер што исто така може да извлече хемикалии, растворени цврсти материи, сол и соединенија како што се пестицидите. Опсегот е апсолутно масивен - вели Џо Ловгроув, технички менаџер на компанијата „Ајкон Лајфсејвер“.

Компанијата се надева дека ќе покаже како шишиња од 400 милилитри и 750 милилитри со филтри за чистење се подготвени за масовно производство.

Графенските филтри ќе имаат дополнителна предност бидејќи нема да испуштаат течност кога ќе им истече траењето.

- Тоа е предност во однос на постојните филтри за вода, кај кои е невозможно да се каже дали и понатаму работат правилно - вели Ловгроув.

Во текот на наредните неколку месеци преносните графенски филтри ќе бидат тестирани за да се провери дали функционираат како што треба и со хемиските загадувачи како кадмиум, бакар, арсен, нитрат и пестициди.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука