X
 08.06.2018 Здравје

Со овој тест ќе дознаете дали јадете премногу тестенини

Кога се решаваат да почнат диета, луѓето прво ги исфрлаат јаглехидратите бидејќи знаат дека лебот, тестенините и оризот дебелеат. Но, дали секогаш е така?

За да откриете дали јадете премногу тестенини, лекарот Александар ван Тулекен советува да направите едноставен тест од 30 секунди. 

- Земете обичен крекер и почнете да го џвакате додека не почне да го менува вкусот од блуткав кекс до прилично сладок. Ако вкусот се промени во помалку од 30 секунди, вашето тело многу ефикасно ги обработува јаглехидратите. Но, ако крекерот за 30 секунди не го промени вкусот, треба да размислите за исхрана со помалку јаглехидрати - вели Тулекен.

Ако почувствувате сладок вкус до 14-тата секунда од џвакањето, вашето тело многу ефикасно ги обработува јаглехидратите и ги користи за енергија и можете да консумирате 250 грама на ден.

Истовремено, ако за промена на вкусот се потребни од 15 до 30 секунди, тогаш ви се доволни 175 грама јаглехидрати дневно. Но, ако тоа трае повеќе од 30 секунди, тогаш не би требало да јадете повеќе од 125 грама јаглехидрати на ден.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје