X
 08.07.2018 Живот

4 момчиња успешно спасени од пештерата во Тајланд!

4 од 12-те момчиња заробени во пештерата во северен Тајланд, скоро две недели, се успешно спасени, известуваат тајландските „Фоки“. Спасувачкиот тим за медиумите изјави дека момчињата се прегледани и однесени во локалната болница.

Гувернерот Чианг Рај овој ден го нарече „Денот Д“, а во спасувачката мисија учествуваат 5 тајландски нуркачи и 13 меѓународни.


Официјалните лица во саботата изјавија дека се загрижени за монсуните што наскоро би можеле да ја отежнат работата и затоа ќе мораат да дејствуваат брзо и да ги спасат момчињата и нивниот тренер.

Тајландската влада објави инфографик со деталите од спасувачката мисија. Инфографикот вели дека секое дете има по двајца нуркачи, а децата ги води јаже.

Мисијата за спасување на децата започна во 10 часот наутро, и може да трае најмалку 11 часа за една личност да биде спасена, а самата мисија може да трае со денови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот