X
 08.07.2021 Живот

Летно дружење со „Светот на Биби“ - Биби доаѓа во Битола!

Овој петок почнува летното дружење со „Светот на Биби“, а прва станица е Битола. На настанот утре, 9 јули, во 19:30 часот, децата и нивните најблиски ќе можат да се забавуваат со „Светот на Биби“. Децата ќе играат на хитовите од првата македонска анимирана серија за деца и ќе имаат можност во живо да ја запознаат хероината Биби, како и премиерно да го гледаат најновото видео од „Светот на Биби“.

- Првиот настан во Битола е почеток на нашите летни дружби. По Битола ќе следуваат Кавадарци, Струмица, како и големиот настан во градскиот парк во Скопје. По долгото седење дома и виртуелните дружби, сите се радуваме на можноста заедно да се забавуваме под отворено небо. На настанот ќе пееме, ќе вежбаме, ќе се дружиме со Биби и ќе дознаеме што ќе следува по летниот распуст – велат од „Светот на Биби“.

Оттаму ветуваат убава дружба и енергија и ги покануваат сите обожаватели на „Светот на Биби“ да дојдат на барем еден од летните настани.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот