X
 19.04.2017 Образование

Битолскиот универзитет организира ораторски ден - УКЛО тривиум

На 24 април, битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе одржи ораторски натпревар - „УКЛО ТРИВИУМ“.

uklo

На вториот по ред ТРИВИУМ, на Педагошкиот факултет, дваесетина студенти од неколку единици на УКЛО ќе се натпреваруваат на темата: „Јас сум студент. Имам право на избор за Европската унија!“.

Ораторските вештини на учесниците ќе ги оценува посебна жири комисија формирана од ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, при што, за тројцата најдобри говорници Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе додели и парични награди, а за сите учесници покрај пригодни подароци, обезбедени се и пофалници за учество на настанот.

Најдобрите оратори  ќе го претставуваат УКЛО на државниот натпревар по повод 9 Мај, Денот на Европа.

Настранот на УКЛО се одржува во рамки на одблежувањето на Денот на основањето на Универзитетот, 25 април.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование