X
 08.08.2026 Живот

Новиот најбрз воз во светот достигнува 450 км/ч - погледнете како изгледа неговата внатрешност

Во последната деценија Кина стана светски лидер во развојот на железниците, градејќи илјадници километри нови пруги кои стигнуваат до речиси секој агол на земјата, а наскоро пристигнува и новиот најбрз воз.

Прототипот на брзиот воз наречен „ЦР450“, претставен во Пекинг на 29 декември, достигна брзина од дури 450 километри на час, што значи дека светот наскоро би можел да има нов најбрз воз. Кога ќе биде пуштен во комерцијална употреба, новиот воз ќе го надмине моменталниот кинески модел „ЦР400“, кој дебитираше во 2017 година и достигнува брзина од 350 километри на час.

2

Најновиот прототип „ЦР450“ е креиран во соработка меѓу компаниите „ЦРРЦ Чангчун релвеј веиклс“ и „ЦРРЦ сифанг“. Освен по брзината, возот се истакнува и по енергетската ефикасност, ниското ниво на бучава и подобрените перформанси за кочење.

2

Прототипот беше подложен на повеќе од 2.000 тестови за да ги задоволи ригорозните барања за комерцијална употреба, но потребни се дополнителни испитувања и унапредувања за да ги исполни сите строги стандарди.

3

Во последната деценија Кина стана глобален лидер во развојот на железниците, со мрежа која се простира на повеќе од 160 илјади километри, вклучително и преку 46 илјади километри брзи пруги. Овие пруги ги поврзуваат големите градови со руралните подрачја, нудејќи еколошка и ефикасна алтернатива за авионскиот сообраќај.

 

Извор: Nova.rs
Фотографии: Instagram

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот