X
 08.10.2021 Наука

На која температура се најпродуктивни жените на работа?

Елизабет Рикер, научничка од МИТ и „Харвард“ за истражување на мозокот и автор на „Попаметно утре“, за поткастот на „Мајндободигрин“ изјави дека регулацијата на температурата всушност може да влијае врз продуктивноста - особено врз деловната ефикасност на жените.

- Во просек, жените се најефикасни кога е потопло во канцеларија. На пример, околу 24 до 25 Целзиусови степени. Мажите, од друга страна, се попродуктивни кога температурата е пониска - околу 22 Целзиусови степени - вели Рикер.

Ова е сеопфатна генерализација, се разбира, бидејќи не сите жени и мажи ги имаат овие склоности - но засега науката стои на овие откритија. Поточно, една студија со 543 учесници од 2019 година покажа дека жените подобро се справувале со математика и вербални задачи на повисоки температури (додека за мажите тоа било спротивно).

Температурата има поголемо влијание врз продуктивноста на жените отколку на мажите. Мажите најдобро работат на пониски температури, но нивната продуктивност навистина не страда кога е потопло. Друго истражување покажа дека на жените им било постудено отколку на мажите кога биле изложени на иста температура.

- Многу луѓе не сфаќаат дека систематски се ставаат во средини каде што не можат да функционираат најдобро. Треба да се приспособи околината на нивните потреби за да функционираат оптимално - објаснува Рикер.

Таа вели дека премногу топлата средина може да има негативни ефекти врз перформансите на луѓето, без оглед на полот. Таа ги наведува истражувањата во Кина, каде што истражувачите анализирале студенти кои полагале гаокао, приемен испит за Националниот универзитет во Кина, во климатизирани средини за време на топлотен бран. Колку била повисока температурата, толку биле полоши резултатите од приемниот испит.

- Децата имаа полоши резултати бидејќи полагаа приемен испит за време на топлотниот бран - објаснува Рикер.

Иако жените претпочитаат повисоки температури, прегреаната средина има свои недостатоци.

- Вашиот мозок едноставно не може да функционира ако е надвор од одреден температурен опсег - вели таа.

Според Рикер, жените можат да бидат попродуктивни на повисоки температури (само не премногу топли). Се разбира, постојат индивидуални разлики од личност до личност.

Извор: 24sata.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука