X
 03.08.2015 Наука

Google во потрага по причината поради која старееме

 гугл

 

Никој од нас не може да знае кога ќе умре, но сите се надеваме дека тоа ќе биде во далечната старост. Научниците веќе со години се обидуваат да откријат што ДНК може да каже за тоа зошто старееме, а се чини дека тие се се` поблиску до сфаќањето на кој начин треба да се однесуваме кон одредени гени кои ќе им помогнат на луѓето да живеат заедно.


Новото партнерство меѓу компанијата Ancestry која им помага на луѓето да ја следат семејната историја заедно со неодамна отворената компанија Ancsetry DNK, ќе реализираат соработка со Google Calico, биотехнолошка компанија создадена за откривање на начин за продолжување на животниот век на човекот.

Ова е прво партнерство на Аncestry со научно-истражувачка компанија, а најавуваат дека ќе започнат уште неколку партнерства. Calico e основана со цел да се обиде да дознае како да го победи стареењето, но досега не го има откриено планот.

Исто така, компанијата како партнер има неколку факултети и фармацевтски компании чиишто фокус е да пронајдат ретмани за невровегетативни болести како Алцхајмер, Паркинсонова болест и Амиотрофична латерална скрелоза.

Научниот тим на Calico одлучи да ги искористи податоците кои Ancestry ги има за да ги пронајдат луѓето кои живеат подолго од очекуваниот животен век.

 

12


Истражувањето покажува дека некои аспекти на долговечноста траат во семејствата. Луѓето кои живеат подолго од просечниот животен век веројатно наследуваат одредени гени кои им овозможуваат да се борат против одредени болести, додека други наследуваат предиспозиции да заболат од болести како Алцхајмер и Паркинсон. Се смета дека генетските маркери се само еден аспект од продолжениоте животен век бидејќи голема улога игра опкружувањето и начинот на живот.

Компанијата Ancsetry DNK за 99 долари нуди сет за тестирање со кој може да се открие од каде се вашите передци и тоа 10 генерации наназад. Минатиот месец бил доста успешен за компанијата  - таа собрала вкупно милион ДНК примероци. Околу 90% кои испраќаат ДНК се согласиле анонимно да ги споделат своите податоци.

Луѓето од целиот свет веќе нема да мораат да ги проверуваат болстите кои ги имале нивните баби, дедовци, мајки и татковци, бидејќи сите податоци ќе можат лесно да се прочитаат. Не само што ќе можете да пронајдете роднина од четврто колено, туку и ќе можете да го истражувате здравјето на вашето семејство генерации наназад.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука