X
 08.10.2025 Живот

Тест од 1951 година покажува колку се подложни луѓето на туѓото влијание

Експериментот денес познат како Ашов експеримент имал многу варијации, но во својата основа бил многу едноставен.

Испитаниците гледале една линија со одредена должина и три други линии и требало да одговорат која од трите линии е со иста должина како првата. Станувало збор за одговор кој бил прилично очигледен.

Испитаниците биле поставени во просторија со седум други лица кои всушност биле соработници на Аш, а испитаниците не го знаеле тоа. Тие секогаш седеле на крајот од редот, па морале да ги слушаат одговорите на другите пред нив.

Во првиот случај, во таканаречената „контролна група“, секој испитаник требало да даде самостојна процена. Околу 95 отсто од луѓето дале точен одговор.

Многу поинтересни биле резултатите кога соработниците на Аш добиле инструкции намерно да направат грешка.

Откако испитаниците слушнале погрешни одговори од луѓето пред нив, и тие одговарале погрешно. Ова се случило во околу 80 отсто од случаите.

Кога ги прашувале зошто одбрале линија која очигледно не била иста како првата, најчест одговор бил дека не сакале да се разликуваат од групата, да привлечат внимание или да создадат несогласување во групата.

Дополнителни експерименти покажале дека конформизмот зависи и од бројот на луѓе во групата:

Само една друга личност - околу 5 отсто конформизам
Двајца - 15 отсто
Тројца - 30 отсто
Четворица – 35 отсто

 

Исто така, конформизмот зависи од двојнозначноста на задачата. Аш ја менувал должината на разликата меѓу линиите за споредба. Колку била поголема разликата, толку се намалувал конформизмот. Општо земено, колку задачата е потешка и подвосмислена, толку повеќе луѓето подлегнуваат на притисокот на групата.

Заклучокот на Аш бил недвосмислен - тешко е да се одолее на притисокот на групата и да се задржи сопственото „јас“ во толку многу луѓе.

Извор: Citymgazine.danas.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот