X
 29.04.2026 Живот

Истражување открива колку често треба да се оди на одмор, но за многумина тоа изгледа како невозможна мисија

Постојаната работа без одмор долгорочно не носи ништо добро, а истражувањата одамна покажаа дека заминувањето на одмор е сигурен начин за подобрување на општата физичка и психичка состојба. Сепак, се чини дека не ги користиме слободните денови како што би требало.

Истражување од 2025 година покажа дека за закрепнување од стресот и исцрпеноста на работното место, потребно е значително повеќе одмор отколку што добива просечниот вработен. Иако постојат многу причини зошто користењето платен одмор понекогаш е тешко, од страв дека ќе се заостане со работата до ограничен број денови, преоптовареноста е штетна за здравјето, поради што е клучно да му се даде приоритет на опуштањето.

Според споменатото истражување, вработените би требало да одат на одмор на секои два месеца.
Иако за многумина ова може да изгледа како недостижна цел, истражувањето покажа дека за позитивни ефекти не се неопходни долги и скапи патувања. Доволни се и пократки патувања, кои сепак оставаат доволно слободно време за непредвидени обврски.

- Нагласуваме дека редовните паузи помагаат во закрепнувањето и го подобруваат чувството на општа благосостојба, со што се намалува стресот и се подобрува работниот учинок. Се залагаме за тоа почестите паузи да се вградат во работната култура преку практични стратегии за поединците и организациите - пишува Селварај Гиридхаран, автор на истражувањето.

Многу здравствени придобивки од одморот


Постојаната работа без пауза на крајот го исцрпува телото. Во едно истражување кое опфатил 749 жени, истражувачите откриле дека оние што оделе на одмор поретко од еднаш во шест години имале осум пати поголеми шанси да развијат срцеви проблеми во споредба со жените што летувале двапати годишно.

Престојот во природа или на сонце може драстично да го намали нивото на стрес на кој е изложено телото за време на работата, а носи и ментални и емоционални придобивки. Времето поминато подалеку од работното биро или лаптопот ви дава можност за вистински здив на начин кој често не е можен на работа.

Луѓето се многу повеќе од работата што ја извршуваат и секојдневниот стрес. Притоа, одморот не мора да биде луксузен, туку може да биде одмор дома или кратко патување со автомобил. Сè додека одвојувате време за себе, ќе ги почувствувате придобивките. 

Извор: Nova.rs
Фото: Magnific

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот