X
 13.05.2016 Образование

Наставничка на уникатен начин ги инспирира учениците пред тест

За едни ученици во основно училиште, инспирацијата за полагање на тест доаѓа од нивните клупи. Една наставничка во понеделникот напишала инспиративни пораки директно на клупите на учениците пред почетокот на тестовите оваа и следната недела.


„Учењето е твоја супермоќ!“, „Нема лифт до успехот, мора да се качиш по скалите!“, се некои од инспиративните реченици кои учениците ги пронашле на своите клупи во понеделникот.

- Многу од моите ученици беа нервозни дека ако не ги положат тестовите со добри оцени нема да одат во следното одделение. Мислев дека ова е слатка работа за нив - изјавила наставничката.


Фотографиите од клупите објавени на „Фејсбук“ биле споделени над 10.000 пати, а коментарите се позитивни и охрабрувачки. Самите ученици потврдија дека овој потег на наставничката е позитивен.

- Сега чувствувам дека можам се`. Сите бевме насмеани кога ги видовме пораките. Мислам дека е навистина кул тоа што го направи таа за нас - вели една ученичка.


Наставничката изјавила дека ја добила идејата на „Пинтерест“ од друга наставничка. Пораките биле напишани со пенкало кое се брише и биле избришени пред почетокот на тестирањето. 


Извор: 4eddu.com

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование