X
 29.04.2026 Живот

Не чекај ја иднината – создај ја: Iute Pay со студентски иновациски предизвик во соработка со ФЕИТ

Во време кога дигиталните технологии го трансформираат секојдневието, Iute Pay во партнерство со Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го лансира својот студентски иновациски предизвик, отворајќи простор младите директно да учествуваат во креирањето на иднината на дигиталните плаќања.

Iute Pay Student Innovation Challenge ги повикува студентите да размислуваат како креатори на продукти што имаат реална примена. Наместо класичен академски пристап, предизвикот нуди можност идеите да се развијат во концепти што можат да станат дел од вистински дигитални решенија.

Фокусот на предизвикот е на тоа како Iute Pay дигиталниот паричник може да се интегрира во секојдневниот живот на новата генерација – едноставно, брзо и целосно дигитално. Учесниците, организирани во тимови, ќе треба да креираат концепт, да го претстават преку видео од 60 секунди и да го дополнат со кратка презентација.

Она што го прави овој предизвик уникатен е токму активната вклученост на студентите од Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), кои учествуваа во развојот на платформата за јавно гласање. Нивниот придонес овозможи функционално и современо дигитално искуство, преку кое најдобрите идеи ќе бидат избрани токму од публиката.



Од Iute изразуваат особена благодарност до раководството на Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) за нивната отвореност и поддршка во реализацијата на оваа иницијатива, препознавајќи ја нејзината вредност како мост помеѓу образованието и индустријата.

„Ова е платформа каде младите не само што ги споделуваат своите идеи, туку и директно учествуваат во нивната реализација. Соработката со академската заедница, особено со ФЕИТ, е доказ дека заедно можеме да креираме решенија што имаат вистинско значење, отворајќи нови можности за младите да станат дел од иднината на дигиталните финансии “ посочи Александар Петковски, Извршен директор на Iute Pay.

Покрај наградите до 3.000 евра, најуспешните тимови ќе добијат и можност нивните идеи да бидат разгледани за понатамошен развој и потенцијална имплементација во рамки на Iute Pay.

Регистрирањето на тимови и пријавувањето е отворено до 18 мај на futurefinance.iute.mk

Повеќе за отворениот повик, правилата, условите и целосниот бриф се достапни тука.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот