X
 08.11.2022 Живот

По неколку дена без греење, саниран дефектот поради кој дел од студентскиот дом „Гоце Делчев“ остана студен

Студенти сместени во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје неколку дена седеа во студени соби поради прегорена пумпа, но денеска ќе се стоплат.

Студентите испратија пораки до нашата редакција реагирајќи дека блокот В со денови бил без греење, не знаејќи која е причината за тоа, но директорот на Државен студентски дом - Скопје, Виктор Велевски, за Факултети.мк изјави дека дефектот е саниран и дека собите ќе се затоплат денес.

- Станува збор за прегорена пумпа која е сопственост на БЕГ, сега ЕСМ, и ние со наши мајстори, а под нивни надзор веќе ја поправивме и денеска ќе има парно - изјави тој.

Неодамна, студенти сместени во истиот студентски дом се жалеа на условите таму, а меѓу другото, реагираа и дека не им е дозволено да имаат грејни тела во собите, што значи дека деновиве тие биле без буквално никакво затоплување.
Подготвил: Н. П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот