X
 09.02.2025 Живот

За љубовта на бугарската писателка Данна Донку кон Тоше, полагањето за возачка, проекти за менструална правда... Што пишувавме неделава?

Менструацијата сѐ уште се доживува како женска тема и „нечиста“ работа, вели Светлана Петковска, претседателка на Организацијата на жени од Битола, вклучена во проект за менструална правда

И во 21 век за менструацијата претежно се зборува во женски друштва, а доколку има мажи, оваа тема се прескокнува. Младите девојчиња раскажуваат дека сѐ уште е срамно доколку за време на циклус ја извалкаат облеката, па мора да се кријат за да избегнат погледи од средината или во најлош случај - да бидат исмејувани од учениците.

„Љубовта кон Тоше ме одведе кон Крушево, каде што го запознав сопругот, а сега ќерка ми настапува со негови песни“ , вели бугарската писателка Данна Донку

Данна вели дека дури и предоцна слушнала за Тоше, но дека тој момент засекогаш ѝ го променил животот. Таа сега има две деца со сопругот, а поголемата ќерка Доротеја веќе многупати настапувала со песни од Тоше. Тој е инспирација и за творењето на Данна и таа му има посветено многу поеми, раскази...

Рокот за полагање за возачка дозвола е една година, потоа сѐ се преполага: Што кога испитниот центар останал без лиценца и се чека да се формира комисија?

Со години граѓаните се жалат дека паѓаат по неколку пати на практичниот дел од полагањето – возење низ град - и тоа без да направат ниту една грешка, па се сомневаат дека сето тоа се прави со цел кандидатите повеќе пати да плаќаат за полагањето.

Издвојуваме

Живот