X
 09.04.2023 Уметност

Неверојатни 3Д-мурали што изгледаат како да излегуваат од ѕидот

Напуштените згради добиваат нов живот преку хиперреалистичните мурали на францускиот уметник Скаф. Овој самоук уметник бара неконвенционални места за да ги украси со неговите неверојатни мурали.

Иако е тешко да се сфати ефектот во само една фотографија, сите мурали на Скаф се прикажани дводимензионално. Но, со помош на светлината, тој успева да создаде илузија дека овие фигури не се само насликани на врвот на рамна површина, туку дека стојат пред неа или на неа. За да го докаже својот реализам, Скаф честопати позира покрај неговите готови дела за публиката да разбере што е 3Д, а што не е.

Локациите на кои твори Скаф се различни, но речиси секогаш се наоѓаат на запуштени места - фабрики, куќи, па дури и неискористени базени. 

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Scaf/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност