X
 02.11.2018 Живот

Илустрации што ќе ве натераат да ги погледнете уште еднаш за да го сфатите денешното општество

Уметноста не е создадена само за да ги задоволи нашите очи, туку таа и пренесува идеи и провоцира мисли. Австрискиот карикатурист Герхард Хадерер веќе долго време создава сатирични илустрации, потенцирајќи зошто денешното општество не е ни блиску до совршено.

Тој дури и се појавил на суд поради една од неговите книги „Животот на Исус“. Книгата предизвика насилни реакции во Европа, особено од католичката црква. Приказната кулминира во 2005 година кога Хадерер бил осуден во Грција за навреда на верска заедница и му била изречена шестмесечна условна затворска казна. Неколку месеци подоцна оваа пресуда била поправена со жалба и Хадерер бил ослободен.

Уметникот има реален стил што го развил додека работел како графички дизајнер и илустратор за рекламни агенции во почетокот на неговата кариера. Откако се соочил со рак и операција во 1985 година, Герхард ги напуштил неговите рекламни соништа и станал хонорарен карикатурист и сатиричен илустратор.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот