X
 22.09.2025 Уметност

Телевизори на брег на езеро - фотографија што испраќа силна порака

Однесовме 20 стари телевизори на езерото и направивме фотографија што можеби конечно ќе те разбуди. Вака започнува приказната за фотографијата наречена „Илузија на дистопијата“ на уметникот Бенџамин Виуле, која испраќа силна порака за животот што го живееме сите ние залепени за екраните, преплавени од лоши вести.

- Тоа ли е сè? Човек опкружен со телевизори? Тоа ли треба да го промени мојот живот? Да, на оваа фотографија на Бенџамин Виуле гледате човек кој клечи на брегот на совршено езеро. Небото е отворено, планините дишат, водата е толку мирна што го отсликува рајот. А, сепак, тој не гледа нагоре. О, не, тој го држи шлемот опколен од телевизори што потсвесно врескаат „Плашете се“, „Мразете се“, „Бидете поделени“. Звучи познато? Колку пати ви кажале дека доаѓа крајот на светот? Колку пати поверувавте? Залепени за екранот, вртејќи низ стравот, без оглед на каналот и државата, песната секогаш е иста - хаос, поделба, апокалипса. И така живееме. Живееме ограничени, поделени, исплашени, сомничави кон странци, давејќи се во жалост - се вели во наративот на видеото во кое накратко се објаснува фотографијата.


Пораката понатаму е многу силна. Нараторот повикува да запреме и да погледнеме зад екраните.

- Кога некој едноставно рекол „Прекинете да убивате“ наместо да заземе страна? Бидејќи ти и јас сме тие, цивилите, кои на крајот сакаат само едно нешто - да бидат видени, да бидат сакани, да бидат познати. Ова си ти, ова сум јас, ова сме ние кои забораваме дека бурата постои само ако веруваме во тоа. Продолжи да зјапаш во стравот и ќе ја помешаш вревата со реалноста - вели нараторот.

На крајот од видеото се поставуваат прашањата: Ќе продолжите ли да зјапате во екраните или ќе се осмелите да ја кренете главата?


Фотографијата, а и објаснувањето за неа, предизвика многубројни реакции. Многу луѓе коментираат дека не можеме толку лесно да избегаме од реалноста и дека решението е наоѓање баланс и редовно исклучување на вестите и социјалните мрежи. Многумина посочуваат дека мораме да останеме информирани, но и дека ако некој има можност да го исклучи телевизорот и да живее среќно, тој е во привилегирана ситуација.

Кое е вашето мислење?

Извор: Instagram.com/benjaminviulet
Насловна фотографија: Instagram (screenshot)
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност