X
 09.05.2018 Живот

Најчестиот лет е до остров за кој веројатно не сте слушнале

Ако треба да ги наведете најфреквентните воздушни рути на светот, дали рутата од Сеул до јужнокорејскиот остров Чеџу би била на вашата листа? Нема да ви замериме и ако воопшто не се најде на листата.

Сепак, оваа рута е на првото место на британската компанија ОАГ, која обезбедува информации за летови. Интересно е што ниту една американска рута не е меѓу првите десет на листата. Според „Гугл флајтс“, меѓу двете дестинации секој ден има по околу 200 лета. А зошто дури 11 милиони луѓе го пропатувале тој пат во 2014 година?


Фото: Google Maps (printscreen)

Можеби ќе ве изненади што 70 отсто од посетителите на островот се домашни. Најголемиот остров на Јужна Кореја се нарекува и Јужнокорејски Хаваи бидејќи Корејците редовно одат во оваа суптропска провинција за да ги видат природните чуда, како неактивниот вулкан Халасан, кој е и највисоката планина во земјата - 1.950 метри. Во 2011 година островот беше именуван како едно од новите седум природни чуда.



Јужнокорејците исто така патуваат во Сеул за да ги гледаат жените нуркачи од Чеџу, кои се познати и како сирените Хаенјо. Овие постари жени нуркаат во длабочините на Корејскиот Проток, обично не користат опрема и можат да го задржат здивот до две минути при секое нуркање.

Покрај јужнокорејските патници, и кинеските туристи исто така често го посетуваат островот благодарение на нивното безвизно патување. Само во 2013 година 1,8 милион Кинези биле на тоа патување. Посетителите можат да уживаат во казината, кои се забранети во Кина, како и во паркот „Лавленд“, кој е полн со еротски скулптури.

Сепак, овој остров не бил отсекогаш дестинација за туристите поради мрачното минато и востанието од 1948 година кренато од комунистичките симпатизери, како и поради политичките протести по плановите за изградба на поморска база.
 
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот