X
 09.05.2023 Технологија

„Чет-ГПТ“ повеќе нема да ги користи податоците на клиентите што плаќаат

Компанијата „Опен АИ“ била прилично отворена кога станува збор за нивниот алгоритам за развој на „Чет-ГПТ“. Меѓутоа, откако алатката била пуштена во јавноста, компанијата ги користи сите пребарувања на корисниците за дополнителна обука на својот модел за вештачка интелигенција.

Тоа отворило прашања за приватноста на корисниците бидејќи луѓето внесуваат податоци кои се доверливи додека го користат софтверот. Од компанијата одговориле дека во условите на користење на алатката јасно стои дека сите податоци ќе бидат користени за дополнителен развој на софтверот.

Меѓутоа, се чини дека сега работите ќе се сменат. Директорот на „Опен АИ“, Сем Олтмен, најавил дека неговата компанија повеќе нема да ги користи податоците на корисниците кои плаќаат за да го користат софтверот.

- Клиентите сакаат да не тренираме на нивните податоци, па ги сменивме нашите планови: повеќе нема да го правиме тоа - изјавил Олтмен.

Компанијата тивко ги сменила условите на користење на 1 март, но таа промена не се однесува на корисниците што ја користат бесплатната верзија на „Чет-ГПТ“.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија