X
 09.05.2025 Живот

Дали знаете колку океани има на Земјата?

По дефиниција, океан е, во потесна смисла, единствена, континуирана водена маса со огромни димензии, а во поширока смисла, вкупната водена маса на морињата на Земјата, која покрива речиси три четвртини од нејзината површина. Но, океаните се многу повеќе од тоа.

Богатството на природата и животот што лежи под површината на морето е нешто што не е лесно да се замисли, ниту пак е целосно истражено. Со векови океаните фасцинирале и инспирирале многу луѓе, без разлика дали биле поети, воини, морепловци, цареви и кралеви, а биле и предмет на многубројни уметнички дела.

Најголемиот океан

На Земјата има пет океани, од кои најголем е Тихиот Океан. Зафаќа речиси една третина од површината на Земјата, а своето име го должи на еден од најпознатите морепловци - Фернандо Магелан. Се протега од Беринговото Море на север до Антарктикот на југ и од Индонезија до Колумбија и Перу. Интересен факт е дека покрај тоа што е најголем океан, во Тихиот Океан е и најдлабоката точка во светот - 11.034 метри, што е многу повисоко Монт Еверест.


Атлантски Океан


Втор по големина е Атлантскиот Океан, а неговото име доаѓа од грчката митологија и значи Атласово море. Се наоѓа помеѓу Америка и Европа и зафаќа површина од неверојатни 106.450.000 км². Просечната длабочина на Атлантикот е околу 3926 метри, а најдлабоката точка е на 8605 метри.

Зад Атлантскиот Океан доаѓа Индискиот Океан, кој покрива околу 20 проценти од површината на Земјата. Опкружен е со Азија на север, Африка на запад и Малајскиот Полуостров и Австралија на исток. На југ се поврзува со Јужниот Океан. Интересно е што Индискиот Океан содржи некои од најубавите острови на планетата, како што се Мадагаскар, Маврициус, Сејшелите, Малдивите, Шри Ланка...

Останатите два океана се Јужниот Океан, кој се наоѓа околу Антарктикот на јужната хемисфера, и Северниот Океан, кој ја опкружува Северната хемисфера на Земјата, леден и недоволно истражен...

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот