X
 09.06.2021 Живот

Никола Јокиќ е првиот балкански кошаркар прогласен за МВП на НБА-лигата

Вечерта кога бил избран од „Денвер Нагетс“, Никола Јокиќ бил во неговиот дом во Србија и спиел. Неговиот постар брат Немања му се јавил од Њујорк за да му ги соопшти вестите.

- Те избраа во НБА! Како можеш да спиеш?! - му рекол тој.

Сега, тој има уште една причина плус за славење. Српскиот центар на „Денвер Нагетс“ е избран за најкорисен играч (МВП) во НБА-лигата.

Во поле каде што доминираат Американците, Јокиќ е првиот српски кошаркар и првиот балкански кошаркар што е избран за МВП во НБА-лигата. Воедно, ова е првпат во една сезона МВП НБА и Евролигата да имаат најдобри играчи од истата држава, Никола Јокиќ и Василиј Мичиќ.

Освен што е првиот српски најкорисен играч во најсилната лига во светот, Јокиќ е и најлошо рангиран МВП што се однесува до НБА-драфтот, бидејќи во лигата влезе како 41. пик. Освен тоа, Јокиќ е втор човек во историјата кој од втората рунда на драфтот дојде до големото признание. До денес тоа му успеало само на Вилис Рид.



Популарниот Џокер, како што го нарекуваат, ја имаше најдобрата сезона досега, во која имаше трипл-дабл просек: 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции по натпревар. Во оваа сезона тој ќе биде меѓу првите петмина играчи во НБА во сите најважни категории.

На само 26 години Јокиќ постигна големи работи во кошарката. Со репрезентацијата тој освои сребрен медал на Олимписките игри 2016 година во Рио, беше МВП на АБА-лигата во дресот на „Мега“.

Својот прв „ол стар“ натпревар го одигра во 2019 година и оттогаш не пропушти ниту еден, односно има три настапи, а во 2019 година беше дел од најдобрата петорка во најсилната лига во светот.

Според аналитичарите, тој ја револуционизира позицијата центар и воопшто кошарката во САД, со стил што е несвојствен за брзата игра во НБА. Неговиот стил се базира на кошаркарска интелигенција, а не на физичките атрибути.

Извор: Sport.blic.rs | Bleacherreport.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот