X
 09.06.2026 Живот

Ќерка ми е многу нервозна, попушти во училиште, лаже и мене ме обвинува за сѐ... Како да постапам?

Моето дете има 15 години и многу често е нервозно, што почнува да ме загрижува. Постојано е на телефон, почна да попушта со успехот во училиштето, не сака да учи, не е заинтересирана за ништо дома, а кога зборувам, сѐ е добро и на крај пак си тера по свое. Почна да лаже, реагира агресивно со викање,трескање и фрлање сѐ околу себе и на крај јас сум виновна што така се однесува бидејќи не сум ја разбудила за училиште, не сум ја однела, а претходно сме се договориле дека треба сама да стане и да оди сама на училиште бидејќи јас нема да можам да ја носам. Ако кажам дека не може да излегува, станува многу агресивна и почнува да вика, да се дере и на вели дека јас сум виновна и дека нема да ме послуша и ќе излезе. И излегува без да ѝ дозволам и постојано истото ми го вели: „Не ме барај“, „Нема да ме најдеш, ќе го исклучам телефонот“. Ја фатив како ме лаже и тогаш почна да ме навредува и да вика по мене. Ве молам помогнете ми, како да постапам со неа, многу сум загрижена за ваквиот однос.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот