Имам ќерка од 9 години и во последниов период не сака сама да заспива, цело време треба некој да седи до неа додека да заспие. Се случува да се буди ноќе и вели дека се задушува, дека не може да дише. Друг проблем е што во последно време е опседната со смртта, често кажува дека се плаши некој од нас да не почине, ѝ страв дека таа ќе почине. Ја носевме на лекар и сѐ е во ред. Многу често зборувам со неа, кога зборуваме, ќе се смири, но по одреден период пак почнуваат некои стравови, а има и тикови. Дали е време да посетиме психијатар?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк