X
 09.07.2019 Живот

Трамп прогласи вонредна состојба во Калифорнија поради земјотресите

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Калифорнија откако два силни и илјадници помали земјотреси ја погодија земјата.

Со прогласувањето вонредна состојба се создаде можност да се издвојат средства од државниот буџет за помош на оние што се најпогодени од потресите.

Сојузната агенција за вонредни ситуации со декларација е официјално овластена да ја координира помошта за загрозените во окрузите Керн и Сан Бернардино.

Земјотреси со интензитет од 6,4 и 7,1 степени според Рихтеровата скала ја погодија Калифорнија минатиот четврток и петок, причинувајќи штети на патиштата и на голем број домаќинства.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот