X
 19.05.2017 Култура

Светот нетрпеливо го чека првото службено патување на Трамп

трамп патување
Фото: Reuters

Политичките немири кои го тресат претседателството на Доналд Трамп немаат никакво влијание врз неговата слика во светот, кој нетрпеливо го чека првото патување во Европа и на Блискиот исток, велат неговите министри.

„Тимот за патување сака да испрати порака дека Америка се враќа“, изјави државниот секретар Рекс Тилерсон на конференцијата за новинарите во пресрет на првото патување во странство на претседателот Трамп кој ќе ги посети Саудиска Арабија, Израел, Западниот брег, Ватикан и самитот на НАТО во Брисел, како и Г-7 во Сицилија.

Републиканскиот претседател е избран под мотото „Америка на прво место“ и со ставови оценети како изолационистички во однос на надворешната политика.

Министерот за безбедност Џон Кели вели дека политичките удари кои со денови го тресат Вашингтон во врска со можна руска вмешаност во американските претседателски избори не го намалуваат кредибилитетот на пораката дека Доналд Трамп сака светот да го сака. Секретарот Рекс Тилерсон изјави дека една од задачите на ова патување е големиот говор за исламот предвиден во Ријад, додека во врска со светскиот тероризам изјави дека не станува збор за религија ниту борба за култура, туку борба помеѓу доброто и злото.

Доналд Трамп во сабота тргнува на осумдневна посета на пет земји, каде ќе се сретне со папата Франсис, саудискиот крал Салман,  израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и новиот француски претседател Емануел Maкрон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура